Кристофер Ли снимил 278 филмови од кои десет улоги глумел како Дракула.
Тоа што малку се знае за него е дека бил припадник на специјалните сили на Велика Британија во Втората Светска Војна. Во Северна Африка, Ли учествувал во битките против германските единици. Благодарение на неговата проникливост и храброст тој добивал специјални и деликатни задачи што не биле баш за секој обичен специјалец.
Исто така тој се познавал и со Јосип Броз Тито. По завршувањето на војната извесно време “непрофесионално” гонел нацисти а жолтиот печат пишува дека бил специјално ангажиран од државата со што поминувал неказнето и кога имало докази за тие незаконски дејства.
Тој е единствениот од целата екипа на филмот “Господарот на прстените” што го запознал лично Џон Роналд Руел Толкин (авторот на книгите врз кој е снимен филмот).
Ја играл и улогата Распутин што беше голем куриозитет со оглед на тоа што актерот имаше можност да го запознае убиецот на вистинскиот Распутин, Фелик Јусупов. Има играно во Франкештајн како и Џејмс Бонд.
Малку што се знае за него е тоа што снимал и хеви метал албуми. На неговиот 90 роденден тој ја сними бесната “Let Legend Mark Me As A King“ и стана најстариот изведувач во тој музички жанр.
Кристофер Ли е роден на 27 мај 1922 година во Лондон а починал на деведесет и три годишна возраст во болница во Лондон.