Деновиве во Крушево е потпишан меморандум за соработка помеѓу битолското здружение „Галоп” и Општина Крушево за креирање на активности кои ќе ја збогатат туристичката понуда на градот и ќе придонесат за привлекување на повеќе посетители и гости.
Веста за потпишувањето на Меморандумот со претседателот на Здружението за рурален развој и организирање на Битолска коњаница ГАЛОП, Ѓорѓи Стојчески ја објави градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, на својот Фејсбук профил:
„Во просториите на Општина Крушево потпишавме меморандум за соработка со Ѓорги Стојчески, кој е претставник на здружението за развој на рурален туризам и организирање на Битолска коњаница ГАЛОП Битола.
Целта на овој меморандум е воспоставување на долгорочна стручна, образовна и апликативна соработка и меѓусебна поддршка.
Настаните кои ќе произлезат од меморандумот ќе придонесат кон привлекување на што повеќе посетители и гости во убавото Крушево.
Се надеваме на плодна и успешна соработка со реализација на зацртаните цели!“