Најмалку 4 лица загинаа, а 19 се ранети во две експлозии пред едно училиште за момчиња во главниот град на Авганистан, Кабул. Нападите, за кои никој сѐ уште не презеде одговорност, се случија во делот од градот населен со припадници на Шиитските Хазари, кои се етничко и верско малцинство, наспроти доминантните Сунити. Хазарите во Кабул беа цел на напади и пред една година, кога цел на милитантните Сунити беше друго училиште во истиот дел на Кабул.
Авганистанските Хазари се најбројни меѓу бегалците од Авганистан, а се смета дека во тивкиот геноцид врз нив, премолчено дозволен од Талибанците, досега загинале над 15.000 лица.