Од 2020 година Лана Дел Реј е под постојана критика од нејзините фанови за нејзиниот изглед.
Папараците кои ја сликале на некој гастрономски настан во Холивуд од почеток се двоумеле дали е тоа популарната пејачка со оглед на тоа дека не личела на себе. Нејзините фанови исто така кои биле на настанот не ни забележале дека меѓу нив се движи пејачката.
Некои од медиумите во Холивуд пренесуваат дека причината за нејзината тежина е тоа што се обидувала да ги остави некои пороци од минатото како што се користењето на кокаин, алкохол и цигарите.
И покрај сите коментари на социјалните мрежи Лана не им обрнува посебно внимание ниту пак коментира било што поврзано со темата.