– Русија експресно ги замени рестораните на Мекдоналдс, со домашна копија на брендот – Вујко Вања.
– Дали Русија ќе ги конфискува имотите на Мекдоналдс?
– Во Москва се отвора првиот ресторан Вујко Вања на местото на Мекдоналдс…
Ова се дел од вестите кои експресно се раширија низ западните медиуми, а кои лесно „залепија“ на логиката, се додека независни факт-чекери од Индија не решија подлабоко да ја истражат „веста“ со фотографии и видео од наводното отворање на локал на Вујко Вања во еден трговски центар во Москва на местото на Мекдоналдс. Тоа што фоторафиите и видеото беа повеќе од очигледно лажни, ги натера да ја доистражат „приказната“, со сите нејзини факти и полу-вистини.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/03/4-1.jpg)
Имено, сѐ почна кога Вјачеслав Володин, спикерот на долниот дом на Рускиот Парламент – Руската Дума запрашан за повлекувањето на Мекдоналдс по 30 години присуство во земјата на дури 847 локации, рече дека – „ако толку решиле да си одат, нека си одат, можеби на нивно место ќе изникнат некои нови руски ресторани, Вујко Вања на пример“.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/03/Untitled-1-copy.jpg)
По многу кусо време од изјавата, кажана метафорично и на шега, во Руската патент агенција е експресно регистриран брендот Вујко Вања, со речиси идентично но свртено лого на Мекдоналдс, кое од оригиналната буква М, е позиционирано како кирилично В.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/03/6.jpg)
Регистрацијата ја поднел извесен Александер Леонов, чија фирма не се занимава со угостителство туку со брендирање и интелектуална сопственост.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/03/7.jpg)
Но тоа било доволно за твитерџиите, експресно да направат „автентични“ фотомонтажи и видеа од подготовките за наводно отворање на Вујко Вања, а добар дел од западните медиуми и политичари, без проверка веднаш ја пренесоа „веста“.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/03/Untitled-2-copy.jpg)