Состојки:
- 1 мала ракиена чашка млеко
- 1 чашка слатка павлака
- 1/2 чашка бадемов сируп
- 2 топли цедени еспреса
- сол
- мраз
- кршено темно чоколадо
(може да се додаде и половина чашка коњак или виски по желба)
Подготовка:
Млекото, павлаката, сирупот со малку сол, се матат заедно во миксер или рачен шејкер.- Се додаваат врз двете еспреса во голема чаша со мраз.
- На крај се посипува со алкохолот(опција по желба) или само со крупни трошки од чоколадо.
- Се пие долго и полека.
На здравје