За оние кои излегуваат рано сабајле ова е сезона на облекување како кромид – пет слоја облека и ранец за прибирање на вишокот алишта во текот на денот.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/3-105.jpg)
Ова е период во кој низ улиците може да се видат луѓе по кимоно маици и шорцеви, едно до едно со луѓе со палта и дебели јакни.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/4-89.jpg)
Оние пак, кои излегуваат напладне кога температурите се накај 30 °С, доколку не понеле јакна, а се задржат подолго надвор до зајдисонце, навечер премрзнати си одат дома.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/5-70.jpg)
Старите рекле – жива болест, кога не знаеш како да се облечеш.
Времето денес во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Преку денот претежно во планинските региони во западните и крајните источни делови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/6-47.jpg)
Утрово најстудено со -2 степена беше на Попова Шапка, Берово, Лазарополе, 2 Маврови Анови, Крива Паланка, Крушево, Скопје-Петровец, 3 Битола, 4 Штип, Демир Капија, Претор, Прилеп, Струмица, Дебар, Тетово, 5 Виница, 6 Охрид, Куманово, Скопје-Зајчев Рид, 10 Гевгелија, 11 Дојран.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/2-116.jpg)
Ноќта времето беше претежно ведро и студено, а само на места имаше појава на умерена облачност.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степени.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/8-24.jpg)
За утре се прогнозира да биде наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, кој ќе биде позначителен во почетокот на следната седмица. Во понеделник со зголемување на облачноста, во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, а во вторник ќе биде и нестабилно со повремено пороен дожд и појава на грмежи и засилен ветер. Од почетокот на следната седмица ќе биде ветровито со умерен до повремено засилен јужен ветер.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/10-10.jpg)