„Лондон не е пералница на пари како што се прикажува. Всушност не е фер, затоа што добро стоиме и според сите показатели, Лондон Сити останува моќен и привлечен светски финансиски центар”.
– Кетрин Мек Гинис
директор на Корпорацијата „Сити оф Лондон“ која администрира со финансискиот кварт
Меѓународната организација „Транспаренси“ неодамна објави дека 2189 компании регистрирани во Британија се поврзани со 48 случаи на перење руски пари и корупција, со вкупна вредност од 82 милијарди фунти.