На традиционалната церемонија на положување (фрлање) на Чесниот Животворен Крст, по повод големиот празник Богојавление Водици, во црковниот базен во дворот на соборниот храм на Светиот Великимаченик Димитриј во Битола, Крстот го фати и од осветените води го извади 15 годишниот Лука Дамчевски.
Топлото време поттикна голем број Битолчани да присуствуваат на денешната Света Божествена Богојавленска Литургија, да понесат осветена Богојавленска Вода во своите домови и да земат благослов со целивање на Чесниот Крст.