Компанијата Мајкрософт соопшти дека регистрирала хакерски напади врз институции во Украина кои си сихронизирано се совпаѓаат со руските воени акции во земјата.

Експертите на Мајкрософт велат дека во периодот од 23 февруари до 8 април регистрирале 37 разорувачки хакерски операции врз клучни институции во Украина, што упатува на синхронизирано делување со руската војска.

Пред две недели и американските власти соопштија дека е регистриран нов хакерски црв – специјализиран софтвер кој ги напаѓа индустриските оперативни системи.

Сега, во анализата за Украина, Мајкрософт посочува редица примери на хакерски напади врз различни институции, места и постројки во Украина, по кои за кусо време следеле и руски ракетни или артилериски напади.

Анализата на Мајкрософт е спротивна на претходните тврдења на експерти од ИТ секторот во Европа, според кои хакерските напади кои се појавија по почетокот на воените дејствија, не се карактеристични само за Украина, туку и за други европски земји, и дека зад нов веројатно стои Кина, која руската интервенција во Украина намерно ја користи како покритие.