Ако Србија не ги отстрани законските пречки за извоз на нерафинирано масло како суровина, цените на маслото во Македонија уште повеќе ќе пораснат.
До сега само мал дел од македонското производство на масло се потпира на домашното производство на сончоглед. Фабриките тоа го објаснуваат со незаинтересираност на земјоделците да го произведуваат сончогледот, но факт е дека најголем дел од македонските производни погони за масло се секундарно или терцијално преработувачки. Тоа значи дека се речиси целосно зависни од суровини од увоз, и работат со нерафинирано масло кое го доработуваат и пакуваат или со сончоглед од увоз.
Министерот за земјоделство уверува дека владата ќе го реши недостигот на масло со увоз на суровини од Србија и од други земји.
Доколку брзо не се интервенира цената на маслото во Македонија може уште повртоглаво да се зголеми, а пазарот наскоро да се соочи со целосен дефицит на масло. Засега, во обидите за решавање на „маслената криза“ никој не ги вклучил домашните земјоделци кои имаат капацитет да ги обезбедат потребните суровини, барем за домашниот пазар, за следната година. Но засега, од она што се пласира во јавноста, никој земјодлеците и планското производство на домашен сончоглед за следната година, не ги гледа ни како опција за излез од кризата.