Во романскиот град Сибиу каде се одржувапе IFBB Romanian International Grand Prix, натпревар на кој учествуваа натпреварувачи од повеќе држави од Европа нашите бодибилдерки им ги собраа главните медали.
Македонските репрезентативки, Мери Акиевска и Катерина Попева, предводени од претседателот на федерацијата, Бобан Ѓороски како рутински тест пред напреварот во Шпанија што ќе се одржува од 17 до 19 септември, си ја “проверија” силата во романскиот град Сибиу.
На овој натпревар, актуелната европска и светска шампионка, Мери Акиевска, рутински се закити со нов пехар и нова победа, додека Катерина Попева го освои второто место во нејзината категорија.
Браво девојки и се надеваме дека од Шпанија ќе се вратите исто така со еден куп медали