Францускиот национален коментатор на телевизискиот пренос од Евровизија, вели дека минатата година многу француски политичари, вклучувајќи го и претседателот Емануел Макрон се обиделе да ја спречат победата на италијанската група Манескин.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/jasno2-16.jpg)
Коментаторот, францускиот водител Стефан Берн за БиБиСи вели дека, за време на гласањето добил лична СМС порака од Макрон, дека пејачот на Манескин, Давид Демијано пред сите шмркал кокаин и поради тоа требало да биде дисквалификуван.
Ваквата заинтересираност на Францускиот државен врв за Евровизија била поради очекувањата дека лани (2021) сигурно ќе победи Франција, а не Италија.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/jasno4-9.jpg)
Водителот Берн добил многу пораки од политичари со сугестии дека француската делегација треба да се жали за јавното однесување на италијанскиот претставник, меѓу кои и од францускиот претседател и од министерот за европски прашања.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/jasno3-15.jpg)
– Што да правиме? Направи нешто – бил заедничкиот контекст на пораките.
И малку фалело да се крене врева и да се поднесе приговор, но претседателката на ЕБУ, Делфин Ерно која исто така била од Франција, пресекла:
– Треба да победиме затоа што сме заслужиле и што сме најдобри, а не затоа што ќе ги дисквалификуваме најдобрите; и така сѐ се смирило.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/jasno5-7.jpg)
Бидејќи сепак цела Европа ја виде снимката на која се чини дека Демијано Давод шмрка кокаин за време на гласањето во Ротердам, па пејачот се тестираше и сепак излезе со негативен тест на дрога. Коментаторот Берн вели дека Емануел Макрон редовно гледа Евровизија и е страстен навивач за Франција.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/jasno6-4.jpg)
Се смета дека евровизискиот пренос заинтересирано го следат 5 милиони французи.