25 највозрасни жителки на селото Маловиште, по повод Меѓународниот ден на жената, ја почувствуваа радоста на детскиот џагор на учениците од повеќе основни училишта од Битола, кои го изучуваат предметот – Јазик и култура на Власите.

Идејата за оваа активност за осмомартовско чествување на повозрасните жителки на селото, кои го чуваат родното огниште и го одржуваат пламенот на традицијата запален за да го пренесат на помладите генерации, е на Ленче Василевска и Ана Белимачевска, за рачно изработените честитки и други подароци, како и за посебната детска музичка програма се погрижи наставничката Моника Дервеновска, а за дружењето да биде уште позабавно се погрижи и потпелистерскиот мечок Теди.

Идејата на организаторите е овој настан да прерасне во традиција во потпелистерското село Маловишта кое е единствено во Националниот Парк Пелистер