На релација Радожда – Трпејца – Градиште со должина од 24 километри Марко го заврши своето седмo препливување за оваа година за 6 часа 52 минути.
Претходно Марко ги има препливано:
- Струга – Градиште 22 километри за 6 часа и 53 минути,
- Струга – Пештани 21 километар за 7 часа 5 минути,
- Струга – Свети Наум 30 километри за 9 часа и 26 минути,
- Радожда – Трпејца 20 километри за 6 часа и 4 минути,
- Радожда – Градиште 18 километри за 6 часа и 40 минути,
- Радожда – Охрид 14 километри за 5 часа и 25 минути.
Марко е пливачки маратонец на отворени води кој плива за да инспирира и да докаже дека се е возможно.