Корсети, тантели, пердуви, јоргански наметки, мажи во плисе сукњи, тиролки, шпилхозни и гламурозни фустани…
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/scena-2-1.jpg)
Скап накит, евтини светки и фармерки, срми, брошеви, викторијански детали и костими од цртани филмови, кожа, гума …
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/SCENA-3-1.jpg)
Ова е дел од описот на облеката, во која со потпис од најпознатите креатори и брендови се појавија дел од јавните личности на црвениот килим на Мет Гала во Њујорк.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/scena-4-1.jpg)
Наречена уште и Вечер на Оскарите на Истокот, традиционалната гала донаторска вечер за фондот на Метрополитен Музејот, е еден од модните настани во Америка кој привлекува светско внимание.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/05/scena-5-1.jpg)
Од приложеното, се чини дека изјавата на модниот креатор Том Форд дека Мет Гала од дефиле на високата мода се претворила во маскенбал, целосно се обвистинила.
Еве дел од галеријата на „костимите“: