Италијанскиот претседател Серџо Матарела не ја прифати оставката на премиерот Марио Драги и побара од него уште еднаш да се обрати пред Парламентот во обид за решавање на кризата во владината коалиција. Аналитичарите велат дека владината криза и оставката на Драги не е вистинскиот проблем кој земјата која е во длабока финансиска криза треба да го решава.
Многумина сметаат дека токму Драги, кој е поранешен шеф на Европската Централна Банка е човекот кој треба да се обиде да ја спаси земјата од колапс и да ја сочува да остане во евро-зоната.
Италија се соочува со недостиг од економски раст, за кон се вели дека не е толку резултат на зголемување на јавниот долг, колку што е последица на ковид кризата и последиците од санкциите во кризата со Украина. Како и да е – инвеститорите не сакаат да вложуваат во Италија, а банките енормно ги зголемија каматите, што е доволен „рецепт” за целосен крах на италијанската економија, кој може да го загрози и нејзиното останување во евро-зоната.