Битолчани денес во Градскиот Парк имаа можност истовремено да уживаат во зеленилото, воздухот, сончевината, музиката и поезијата.
На настанот во организација на Министерството за култура на кој настапија Битолскиот Камерен Оркестар и Хорот при КУД Стив Наумов, ОО на Сојузот на Борците ги додели наградите на најмладите учесници на годинашниот конкурс за 11 Октомври:
Вангел Мајорот
Си беше еднаш во Битола
Младо Партизанче
Преку рамо носеше ПерданчеБербер млад беше тој
Пред да тргне за Татковина
Во крвав бојМал по раст
Роден со нескротлива за слобода
СтрастМајка го молеше
Немој бе Мајорче
Не одиТој смело и одговори
Морам мајко машка борба
Нема кој да водиЖив на непријателот не се даде
Браќа Македонски тој не предадеГуста црна коса имаше
Во неговите продорни
Црни очи оган силен
БликашеИспоуби непријатели, спаси народ свој
Од куршум негов загина тојНа балкун мајкин во чело се стрелаше
И од балкун со насмевка кон непријателот
Мајоро гледашеАманет остави тој
Не го предавај родот својХерој Битолски стана тој
Мајоровски ќе продолжи да живее сој!Божидар Петрушевиќ
ПЛАМЕНОТ ВАШ ОКТОМВРИСКИ ВЕЧНО ЌЕ ГОРИ
Приказната на паднатиот борец
11 октомври
тишина, мрак…
Моите очи ги поклопи сон
но, како да слушам глас…
Во темнината
гласот негов се слуша
и сфативтој сигурно е некоја изгубена душа…
Знам дека сонувам, но се чудам
млад човек ми зборува
и да го разберам се трудам.
Неговата силуета пред мене шета,
а ми зборува,
кажува порано бил борец
имал своја чета.
Не верувам, мислам ова е само
имагинација моја
но, тој ме моли да ја разкаже
приказната своја.
Започнува…
Беше ист ваков октомвриски ден
ветрот дувајќи правеше врева,
а кај македонскиот народ
желбата за слобода почна да се крева.
Млад бев, но заминав во борба
зашто кон непријателот чувствував гнев,
а за мојот македонски народ во срцево, грев.Се борев со цела сила
за да ја видам мојата Македонија
слободна, мила.
Се бранев со пушка во рака
од непријателот клет,
но признавам не бев ни јас цвет.
Не успеав да ја видам
родината слободна, ете
загинав иако бев дете.А кога некогаш ќе шеташ низ градскиот парк
побарај го мојот лик,
ликот на жртвеникот
кој се наоѓа на споменикот…
Се разбудив и знаевова не е лага,
но приказната на борецот
ми остави трага.
Повторно заспивам
и замислувам една слика
сигурна сум и знам дека
утрешниот ден во слобода ќе блика.
Навистина сум среќна
затоа што во ова време
нема ноќни мори, а
ПЛАМЕНОТ ВАШ ОКТОМВРИСКИ
ВЕЧНО ЌЕ ГОРИ!
Мила Нечовска
11 ОКТОМВРИ
Шумолат лисја во златните гори,
ветерот свиленшепоти тивко,
октомвриско утро нежно се буди,
в сончевина мека се раѓа денот.
Во време друго, пред многу лета,
пламена зора ко молња светна,
изгрејсонце свето на овој ден,
црвена булка во гради пламна.
О, родино, мајко света,
ти што скапоцен ѓердан од спомени нижеш,
име по име, срце по срце,
на храбрите синови твои,
стихови китни милно им редиш.
И денес, октомвриска песна ќе се зачуе,
крилја ќе се кренат високо,
слободата ќе нѐ преброи,
колку сме, што сме и од кои сме!
Нектарија Илиевска
Учеството на дури 90 лични творби на конкурсот дава надеж дека во Битола расне една нова генерација млади за кои денес велиме дека се повеќе заинтересирани за новите технологии во телефоните и компјутерите отколку за историјата, поезијата или патриотизмот која е подготвена да го сочува сеќавањето и да ја продолжи традицијата на борбата на македонскиот народ за слобода.