„Чашка живот” е пилот проект кој се спроведува во индиската држава Керала, инициран од еден пратеник на Конгресната партија и Медицинската Асоцијација ИМА, а има за цел да поттикне дебата за еднаквоста на жените и мажите и тoлерантноста на општеството кон женските проблеми, како што се менструалните болки.
Се работи за електро симулатор на менструални болки, кој љубопитните мажи можат да го пробаат на пунктови кои во рамките на кампањата се лоцирани на прометни места и трговски центри.
Организаторите велат дека интересот за симулаторот е невообичаено голем и дека се отвораат перспективи за негова понуда за продажба на пазарот.