Студентите на Меѓународниот Славјански Универзитет во Битола имаа ретка можност да го следат исклучителното предавање на тема „Дигитална трансформација“ од искусниот експерт по менаџмент во IT индустријата, м-р Навдип Пураник од Индија.
Предавањето кое се одржа на кампусот на Универзитетот Меѓународен Славјански Универзитет беше во живо достапно и на Интернет преку Zoom платформата.
М-р Навдип Пураник е докторанд на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, Словенија и има повеќе од 25 години искуство во менаџмент во IT индустријата, во големи и успешни светски компании и брендови.
Интерактивното предавање со интензивна комуникација со студентите беше фокусирано на влијанието на дигиталната трансформација врз бизнисите и потребата – современите компании неминовно да се прилагодат за да опстојат и напредуваат во услови на забрзана дигитализација на сите сегменти од своeвременото опкружување.