Овој мелем може да го направи секој дома се додека има барем едно јајце, масло и восок.
Се користи како мелем за отворени рани и изгореници, но и за лекување бронхитис, синуси и јајници, како маст за надворешна употреба.

Состојки:
- Едно јајце
- 300 до 600 милилитри растително масло
- 50 грама пчелин восок

Подготовка:
- На оган во тавче стопете го восокот. Кога ќе се стопи ставете ја белката во маслото од восок.
- Кога ќе почне да се пени тргнете го од огнот.
- Откако маслото ќе се смири вратете го на оган повторно и додадете ја жолчката и мешајте.
- Смесата треба да добие темно кафева боја.
- Откако ќе ја добиете бојата што е претходно споменета тргнете го од оган и оставете го да отстои 20-тина минути.
- Потоа процедете го низ газа.
- Откако маснотијата ќе се олади ставете ја во тегла и чувајте ја на темно и ладно место.

Ако го користите за бронхитис нанесувајте го надворешно мелемот три пати на ден. Исто така може да го користите и за синуси со што претходно треба малку да го растопите и да капнете во носот неколку капки со цел да ги пробие синусите и да повлече гној на себе.