Духот на вистината
– деветнаесетта мисла –
Тивко се спушташ
и подигнуваш,
не од внатре
ме погледнуваш,
како без бранови – ветре.
Се прашувам
што ќе пронајдеш,
не се надевам
дека од тага ќе ме одминеш.
Името ти се спомнува
често како по навика,
но болката останува
над човека чамотиња.
Духу на Вистината
поведи ме во војната,
нека ја изгубам и битката,
но да бидам дел од победата,
Тивко се спушташ
и подигнуваш,
и еве не се отклонуваш,
доаѓаш
и се оддалечуваш,
но не ме напушташ.
Духу на Вистината…
Манастирски води
Слепченски Манастир