- 1 главица кромид
- 6 зелени пиперки
- 6 домати
- 6 јајца
- црн пипер
- сол по вкус
Кромидот, пиперките и доматите ситно се сечкаат и се пржат на тивко загреано масло. Кога ќе омекнат, врз нив се кршат јајцата без да се матат, па се поклопуваат со капак да се издинстаат на пареата.
На крај се посипува со свежо или ситно суво нане, а се сервира со бело сирење и со ајран.