Актерката Мили Алкок мислела дека ќе добие отказ во првите три месеци откако се обидувала да ја игра главната улога на принцезата Ренира Таргариан од серијата “Куќата на змејовите”.
Иако во серијата се претставува како бестрашна принцеза која не се колеба на предизвиците што и се наоѓаат на патот таа изјавила дека кога се појавила на кастингот таа била несигурна и цело тоа од оваа дистанца и изгледало некако застрашувачко.
Мили Алкок го глуми периодот на принцезата додека е помлада и ќе ја гледаме до петата епизода каде што нејзиното место ќе го земе постарата актерка Ема Дарси.