Без условувања за откажување од дијаспората по никоја цена
Наместо егзархии – „подворја” (со соодветен реципроцитет)
Без етикатирањa, табу-теми и отворено да си ги решиме проблемите дома, за кои погрешно мислиме дека ни доаѓаат однадвор
Ова накусо се дел од поентите кои Митрополитот Преспанско-пелагонски и администратор Австралиски и Новозеландски, кои како Претседател на Одделот за надворешни односи со другите помесни цркви на САС на МПЦ ОА ги изнесе во емисијата „Гласот на народот” на Телевизија Сонце.
Како аргумент за неоткажување од дијаспората, за што владиката Петар смета дека треба да се има разбирање, тој го посочи примерот на Антиохиската црква, чие седиште е во Дамаск, а над 70% од нејзините членови се наоѓаат надвор од Сирија.
Посочувајќи дека во денешните околности на иселување МПЦ без дијаспора нема да може ни да опстои, заговорниците за откажување од дијаспората тој ги нарече „гробари” на црквата, народот и државата:
Во врска со идејата за поставување на „егзарх“ (самостоен застапник) на Цариградската Патријаршија или на било која друга помесна црква во Македонија, без можност за возвратна реципрочност, за владиката Петар е дискутабилно и наликува на обид за полагање рака за влијание.
Според него, поставувањето на т.н. „подворја” во вид на дипломатски црковни претставништва или испостави, на посебно доделени територии, на пример во Охрид, на кои другите помесни цркви ќе можат да градат и свои храмови, е посоодветна идеја која ќе значи и примена на единството и сослужувањето во пракса, дотолку повеќе ако се обезбеди и соодветна возвратност за отворање на подворја на МПЦ ОА на териториите на другите помесни цркви.
Митрополитот Петар за првпат јавно и директно обвини за постоење на, како што ги нарече „парацрковни структури” од Бигорскиот Манастир, за кои рече дека станале поголем проблем од проблемот со т.н. ПОА (на Јован Вранишковски), а го посочи и епископот Антаниски Партениј за директно неовластено мешање во неговите надлежности како претседател на Одделот за надворешни односи на МПЦ ОА:
Владиката Петар рече дека за ова прашање, пред да го изнесе јавно, имал слобода да го каже пред архиепископот Стефан, митрополитот Тимотеј, епископот Климент, синедрискиот митрополит Максим, претседателот на Комисијата за односи со верските заедници, свештени лица, преведувачи и др.
Митрополитот се осврна и на „случајот” на Украина , за кој рече дека проблемот таму не е црковен, не е ни политички, туку од геостратешка природа, и изрази силна увереност дека патријарсите Вартоломеј и Кирил се доволно мудри да најдат начин тоа што поскоро да го решат, како што впрочем досега и се решаваат сите воени судири – со седнување на иста маса: