Познатата манекенка и една од најубавите жени на светот, Ел Макферсон (60), ги шокираше сите кога за првпат откри дека седум години се бори со ракот на дојката. Таа во нејзините мемоари што наскоро ќе бидат објавени, „Животот, лекциите и учењето да си верувате себеси“, (“Life, Lessons and Learning to trust Yourself”) открива дека моментално е во ремисија и одбила хемотерапија и какви било лекови.
Фаталната Австралијка вели дека се одлучила за холистички пристап кон лекувањето – молитви и медитација.
Ел признава дека не ги послушала советите на лекарите, како и на членовите на нејзиното семејство и избрала, како што вели, да верува во себе и на тој начин да закрепне.
– Тоа беше шок, сосема неочекувано. Беше збунувачки на многу нивоа, но истовремено ми овозможи да погледнам длабоко во себе и да го најдам решението што ми одговара – вели Макферсон.
Таа одбила третмани на класичната медицина
Откако пред седум години направила лумпектомија (делумна мастектомија), лекарите ја советувале да направи целосна мастектомија, а потоа да прими хормонска терапија, зрачење и хемотерапија. Но, таа ја одбила класичната медицина, велејќи: Тоа беше одлична вежба за верувањето во себе и своето тело, и верувањето во природата.