Овој музеј на самолик „Јозеум“ во Стокхолм, Шведска, нема уметнички дела на своите ѕидови.
Наместо тоа во музејот се наоѓаат украсени соби со позадини од различен тип каде што посетителите сами ќе можат да позираат или пак да снимаат видеа за ТИК-ТОК, Фејсбук, Инстаграм и слично.
Музејот како што велат организаторите ги претвора истовремено и во уметници но и експонати понатаму
Концептот „Јозеум“ почна во Холандија, каде што веќе има два такви музеи. Иако постарите генерации можеби се потсмеваат на оваа замисла, кај младите оваа идеја и т.н. алетернативна уметност ја прифаќаат се повеќе.