Повикувајќи се на неименувани извори од власта, финскиот весник „Илтслехти“ јавува за детално разработен план за одлуката на Финска да побара членство во НАТО.
Според информациите до кои дошол весникот, се знае и датумот – на 12 мај постапката ќе почне во две државни институции.
Прво, претседателот Саули Ниинисто ќе потпише документ со кој ќе даде согласност за апликацијата за членство, а потоа неколку водечки парламентарни групи ќе почнат постапка за парламентарно одобрување на членството.
Руската инвазија во Украина го наруши функционалниот модел на децениска „неутралност“ на Финска и Шведска од времето на Студената Војна – во име на мирот во Европа, двете земји, барем отворено, да не заземаат страни.
Руско-финската граница е долга 1300 километри, и Русија веќе се закани дека, доколку Финска и Шведска станат членки на НАТО, ќе распореди нуклеарни и суперсонични ракети во Калининград и целиот прибалтички регион.