На први октомври во спортската сала Боро Чурлевски во Битола ќе се одржи фитнес натпреварот кој веќе традиционално го организира Зоран Паљо Лазаровски.
Се очекува на натпреварот да се пријават натпреварувачи од повеќе градови од државата во различни категории почнувајќи од Тинс па се до Ветерани.
Во категоријата мажи се следните категории:
Тинс
- Бодибилдинг Тинс до 19 години – една категорија
- Физик Тинс до 19 години – една категорија
Јуниори
- Бодибилдинг до 23 години – една категорија
- Физик до 23 години – една категорија
Сениори
- Бодибилиднг до 80 кила
- Бодибилдинг до 90 кила
- Бодибилдинг над 90 кила
- Физик сениори – една категорија
- Мускулар Физик – една категорија
- Бодибилдинг Класик – една категорија
- Класик Физик – една категорија
Ветерани
- Бодибилдинг мажи – една категорија
- Физик – една категорија
Категорија жени
Тинс
- Бикини Фитнес Тинс до 19 години – една категорија
Јуниори
- Бикини Фитнес до 23 години – една категорија
- Велнес Фитнес до 23 години – една категорија
Сениори
- Бикини Фитнес – една категорија
- Велнес Фитнес – една категорија
- Боди-Фитнес – една категорија
- Физик – една категорија
Ветерани
- Бикини Фитнес – една категорија
Од фитнес центарот на Паљото засега неофицијално ќе настапат пет натпреварувачи во различни категории.
Зоран Паљо Лазаровски е првиот историски апсолут на Атлета на самостојна Македонија 1992 и Освојувач на безброј шампионски титули.
Настанот почнува во 19 часот а натпреварувачите ќе бидат оценувани од стручно жири за кои следуваат различни вредни награди.