Дали е на повидок вклучување на македонскиот јазик во наставните програми на Универзитетот „Теофан Стилијан Ноли” во Корча, Република Албанија?
Информацијата за првиот иницијативен чекор на ФБ ја објави претставникот на Македонците од Албанија во Албанскиот Парламент, Васил Стерјовски.
Тој напиша дека за време на одржувањето на Деновите на македонската култура во Корча, високи македонски претставници со претставници на Универзитетот разговарале за можностите за воведување на македонскиот јазик во факултетските програми.
Објавата на Стерјовски во целост :
“Со министерката за култура на Република Македонија, Бисера Костадиновска Стојчевска, македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски, деканот на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, проф. д-р Добри Петровски и претседателот на Советот за македонски јазик, проф. Људмил Спасов, остваривме работна посета на Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча со ректорот проф. д-р Димитар Бело и со деканката на Филолошкиот факултет проф. д-р Јонела Спахо.
На овие средби се финализираа подготовките за вклучување на македонскиот јазик во наставно-образовната програма во рамките на Универзитетот „Фан С. Ноли“ од Корча како и се разменија идеи за зеднички програми и проекти помеѓу Универзитетот „Фан С. Ноли“ од Корча и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола и други универзитети од Македонија.”
Me Ministren e Kulturës të Republikës së Maqedonisë, Bisera Kostadinovska Stojçevska, ambasadorin maqedonas në Shqipëri, Danço Markovski, Dekanin e Fakultetit të Edukimit në Universitetin “Shën. Kliment Ohridski” nga Bitola, Prof. Dr. Dobri Petrovski dhe kryetarin e Këshillit të Gjuhës Maqedonase, Prof. Ljudmil Spasov, realizuam një vizitë pune në Universitetin “Fan S. Noli” në Korçë me Rektorin Prof. Dr. Dhimitër Bello dhe me Dekanen e Fakultetit të Edukimit dhe Filologjisë, Prof. as. Dr. Jonela Spaho.
Në këto takime u finalizuan përgatitjet për përfshirjen e gjuhës maqedonase në programin arsimor në kuadër të Universitetit “Fan S”. Noli” si dhe u shkëmbyen ide për programe dhe projekte të përbashkëta midis Universitetit “Fan S. Noli” dhe Universitetin “Shën. Kliment Ohridski” nga Bitola dhe universitete të tjera nga Maqedonia.