Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години славеше победа со 5:1 над соодветната селекција на Ерменија во рамките на првото коло од УЕФА развојниот турнир за фудбалери родени 2008 година што се одржува во Скопје.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/3-20.jpg)
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, видовме интересен прв дел со многу борба, трчање и отворена игра на двете страни. Македонија преку Стефан Бујаровски прва постигна гол во 9. минута. Противникот во 20. минута успеа да се врати во игра и да го израмни резултатот. Извонреден погодок од далечина постигна Гаспаријан. Шест минути подоцна Александар Грашевски во една одлична соло акција и прецизен удар успеа да и донесе предност на Македонија од 2:1, за на крај да се стигне од резултат од 5:1 за Македонија.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/2-22.jpg)
Утре во второто коло Македонија од 16. часот ќе игра против Малезија. Во 11. часот играат Ерменија и Косово.