На крајот на јуни најголемата фабрика за чоколади во Белгија го прекина производството поради појава на опасна бактерија. Бери Калебо продава суровини на големи чоколадни компании како Херши, Монделиз, Нестле и Унилевер.

Компанијата Бери Калебо извести дека чоколадото со салмонела, кое било во соја лецитин, не стигнало до полиците на продавниците поради навремена реакција. Најголемата фабрика за чоколади во светот во белгискиот град Вејзе го прекина производството откако на 27 јуни беше откриено дека цела серија чоколада е контаминирана со салмонела.

Од Бери Калебо изјавија дека по внатрешната истрага во фабриката, започна чистењето и дезинфекцијата на производните линии и се очекува нормализирање на работата во фабриката до крајот на месецот.
