Ова е една од најтажните фотографии е направена по атомскиот напад на Нагасаки во Јапонија во 1945 година. Нејзината приказната потсетува на „Гробиштата на светулките“, на јапонската анимирана драма од 1988 година.
На фотографијата се гледа како момчето го носи телото на својот помлад брат кој загина во бомбардирањето. Крематориумот бил неколку стотици километри надвор од градот, а ова момче пешачело со денови за да стигне таму. Фотографот Џо О’Донел, кој го овековечи овој момент, и во својот дневник напишал:
“Видов момче на околу десет години. Носеше дете на грб. Во тие денови во Јапонија често гледавме како децата си играат со своите мали браќа или сестри што ги носат на грб, но овде ситуацијата беше поинаква.
На него немаше ни чевли. Лицето му беше сериозно и без премногу емоции, а зад грбот се гледаше мала глава. Момчето стоеше неподвижно пет или десет минути, потоа луѓето во бели маски дојдоа до него и тивко почнаа да го одврзуваат јажето со кое го држеше својот брат. Тогаш видов дека детето што го носеше на грб е веќе мртво.
Момчето стоеше мирно, не мрдајќи го гледаше процесот на кремирање. И толку силно ја гризна долната усна што му протече крв. Потоа се помоли, ja погледна пепелта од неговиот брат уште еднаш и без збор се сврте и си замина засекогаш!“
