Земјотресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер ја погоди планинската област во округот Лудинг во провинцијата Сечуан што доведе со лизгање на земјиштето, штети на домовите и прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Сечуан, кој се наоѓа на работ на Тибетската висорамнина каде се спојуваат тектонските плочи, редовно е погоден од земјотреси. Во два земјотреси во јуни таму загинаа најмалку четири лица.
Најсмртоносниот земјотрес во Кина во последните години беше земјотресот со јачина од 7,9 степени во 2008 година, во кој загинаа речиси 90.000 луѓе во Сечуан. Земјотресот опустоши градови, училишта и рурални заедници надвор од Ченгду, што доведе до долгогодишни напори за обнова со поотпорни материјали.