Очила кои изгледаат сосема нормално, но се поврзани со компјутер и со вештачката интелигенција наречена „Ал”во реално време ќе обезбедуваат услуги на лицето што ги носи. Опремени со камера, микрофон ГПС локатор, очилата ќе обезбедуваат превод во реално време на тоа што ви го зборува соговорникот пред вас, преглед на гугл мапите и локациите, пребарување и сугерирање на најблиску достапни најевтини производи и онлајн купување со гласовна наредба, снимање и архивирање на субјeктивниот поглед на носителот, холограмско проектирање, глас кој постојано ќе ви се обраќа … и многу други „појачани” опции, слични на она што досега сме го гледале во научнофантастичните филмови.
На очилата, наменски, со посебен софтвер и хардверски конфигурации, ќе бидат адаптирани и нов вид на таблет и паметен бенд часовник на раката.
Првиот прототип на паметните очила на Гугл беше промовиран во 2012 година, но оттогаш се работело на новиот модел со многу подобрени перформанси.
Датумот на пуштањето на очилата во промет не е прецизиран, но се претпоставува дека нема да е многу подоцна од 2023 за кога е најавена промоцијата на таблетот и смарт часовникот.
Ваквите очила се очекува целосно да ја заменат потребата од смарт мобилните телефони и целосно да ги исфрлат од употреба.