Минимална температура 5°С а максимална 31°С во среда, или 8°С наутро, а дури 35°С во текот на денот во четврток, е официјалната временска прогноза за следната седмица, што е голема температурна разлика од цели 26/27°С во еден ист ден – амплитуди карактеристични за пустинските порачја.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/2-41.jpg)
Денес времето се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец, кој од попладневните часови ќе засилува. Попладне и кон крај на денот ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Услови за поинтензивни процеси ќе има претежно во северните и североисточните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена. УВ=6.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/3-38.jpg)
За утре во утринските часови ќе биде променливо облачно, а во текот на претпладнето со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се намали и ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието. УВ=6
Кон крај на денот ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Услови за поинтензивни процеси ќе има претежно во северните и североисточните делови.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/5j-1.jpg)
Од утре следува период на стабилно време со постудени утра. Утре ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови пониска дневна температура до вторник. Од среда температурата повторно ќе се зголеми, позначително во четврток и петок, кога ќе биде натпросечно топло.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/7-12.jpg)
Почнува периодот наречен – „не знам што да облечам”, во кој наутро треба да излезете со топли џемпери и јакни, а со себе да понесете торба во која ќе ги сместите вишокот алишта подоцна на враќање од работа или од училиште кога ќе е најжешко.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/6-16.jpg)