Потпелистерското село Цапари не е толку славно како Смилево или Крушево, но во Илинденскиот период имало дури и поголема важност од нив во битолскиот округ.
Речиси секоја куќа во Цапари дала по еден комита и целото село било завиено во црно од одмаздата на турскиот аскер кој низ Пелистер ги гонел комитите кој до последно пружале отпор, цел месец по задушувањето на Илинденското востание.
– Тогаш на комитите кои заминувале в планина на живо им се правеле заупокоени служби и помени, бидејќи не се знаело каде ќе загинат и дали ќе има кој да ги погребе.
Денес ги испраќаме младите комити кои изразија желба да го следат нивниот пат, со песна и ора, но борбата за неа и љубовта кон Македонија и тогаш и денес се исти – рече отец Горан Кутлешовски поздравувајќи ја битолската коњаница која се поклони пред споменикот на речиси 100 паднати Илинденци од Цапари.
Галеријата во продолжение од село Цапари и Свети Архангел Гаврил во Довлеџик е авторско дело на нашиот пријател Михајло Ивановски.