Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, кој вчера повика на четиридневно примирје во Украина за време на празникот, денес рече дека не е разочаран што не сакаат да го слушаат него, туку дека цивилите не ќе можат безбедно да ги напуштат завојуваните подрачја, а подготвената хуманитарна помош нема да може да влезе.
Гутереш денес потврди дека во вторник во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владмир Путин, а ќе има и вечера со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Во рамкте на својата мировна турнеја како генерален секретар на ООН, Гутереш ќе има средба и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Гутереш вели дека и покрај тоа што постигнувањето траен мир и завршување на војната е во сечиј интерес, неговата примарна цел ќе биде воспоставување примирје и безбедносни коридори за доставување на помош, згрижување и евакуирање на цивилите.