Пред почетокот на преговорите меѓу руската и украинската делегација во Турција, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е подготвен да гарантира неутралност на Украина, што е едно од главните руски барања.
Но министерот за надворешни работи, Дмитро Кулеба кој учествува во преговорите, појасни дека тоа не значи дека доаѓа во предвид било какво тргување со луѓе, територија или сувереност.
На преговорите во Турција е забележан рускиот олигарх Роман Абрамович, во друштво на турски функционери од кабинетот на Ердоган, но тој не седнал на главната преговарачка маса, а медиумите шпекулираат околу неговата евентуална директна посредничка и преговарачка улога.
Претходно во дел од западните медиуми, се шпекулираше со вест за наводно труење а Абрамович и двајца украински преговарачи кли имале слични симптоми на кожата и очите, но веста подоцна беше демантирана.