По успешното „кршење на мразот“ во родната Битола и промотивниот концерт во Велес, познатиот македонски музичар, композитор и продуцент кој досега многупати се потпишал на редица успешни музички проекти на македонски групи и пејачи, со албумот „Нова Ера“ конечно стави потпис на неговото долгоочекувано солистичко претставување, со кој за првпат застанува лице в лице пред публиката како комплетен автор, аранжер и изведувач.
Спектаклот кој во Македонската Филхармонија ќе се одржи на 21 март, во овој случај не е само обична маркетиншка флоскула за атрактивна најава, туку во буквална смисла најава на вистински музички Спектакл (со големо “С“) во кој на сцената со авторската музика на Мицевски ќе се појават 50 академски музичари, вокални солисти и познати уметници.
Концертот е замислен како симбиоза на традиционалните и модерните мелодии – од џез, фанк и електронска музика, како и етно, рок и електро основи извлечени и мајсторски сублимирани во неговиот албум “NEW ERA”.
Мицевски е оригинален и во начинот на досегашно претставување на композициите, преку атрактивни видео спотови кои раскажуваат приказна, какви што досега на нашата сцена не биле често практикувани, особено кога се работи за инструментална и музика која неправедно се сметала за не многу комерцијална.
Влезниците можат да се набават онлајн на www.avalon.mk и продажната мрежна на Авалон низ Македонија.
Инаку Мицевски и годинава ја доби Златната Бубамара на популарноста за најдобар композитор.