Како се калеше челикот, или победа и пораз на двајца борци на Нинџуцу клубот „Битола” на професионалните ММА борби во Сомбор.
Во продолжение, интегралната фб објава на Клубот, која доби коментари со поддршка од Битолчани:
SBC 47 Сомбор 17.02.2023 година
Во професионални ММА борби Филип Божиновски успеа да го победи својот противник од Романија со полуга на рака (armbar) во првата рунда, додека нашиот втор ММА борец Игор Додевски изгуби на судиска одлука и со тоа после 12 последователни аматерски и полупрофесионални победи го доживее својот прв пораз и тоа во деби во професионална ММА.
Исцрпувачки 3 рунди и премногу технички грешки кои чинеа пораз овај пат и лекција која мора да се научи… грешки таму каде што сме најсилни но овај спорт има голема тежина и одлучуваат мали моменти за тоа како ќе се одвива цела борба.
Продолжуваме напред… веќе од понеделник назад во сала и се работи за следни турнири и борби.
За Македонија
Голема благодарност до сите кои беа дел од оваа приказна.
Посебна благодарност до HELIOS MEDIKAL Скопје и директорот Александар Генчов за цела подршка во оваа приказна.
Одиме уште појако во иднина💪