Извршниот директор на мобилниот гигант, Пека Лундмарк рече дека во сегашните околности останувањето на Нокиа на рускиот пазар нема смисла. Претходно и Ериксон најави привремено затворање на продавниците во Русија, но чекорот на Нокиа се оценува како уште порешителен. Нокиа и Ериксон пред повлекувањето бележеа драстичен пад на продажбата на телефони во Русија, каде последните години од пазарот ги истиснуваат кинеските марки.
Најавите за можно зачленување на Финска и Шведска во НАТО, им дадоа дополнителна смисла на одлуките на компаниите да размислуваат за поцелосно и подолгорочно повлекување од Русија, не само поради санкциите и блокадите кои Западот ѝ ги воведе поради инвазијата во Украина.