Земјите членки на ОПЕК се договорија во октомври да го намалат снабдувањето на пазарот со нафта и гас, што веќе предизвика ценовни турбуленции на берзите.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/5-13.jpg)
Всушност најавата е враќање на производството во првобитната состојба, по зголемувањето на снабдувањето побарано од американскиот претседател Џо Бајден при посетата на Саудиска Арабија во јули.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/3-17.jpg)
Земјите произведувачи на нафта и нивните партнери меѓу кои е и Русија, велат дека во најавата нема ништо необично и најавуваат слични интервенции за зголемување или намалување на производството на месечна основа.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/1-19.jpg)
Одлуката на ОПЕК уште веднаш се почувствува во САД, каде цените на горивата веќе пораснаа за 4%.