ЈКП Водовод Битола, заедно со јавните комунални претпријатија Комуналец и Нискоградба, денеска отвораат втор наплатен центар за граѓаните од општина Битола. Во наплатниот центар граѓаните ќе можат да ги плаќаат своите сметки за вода, сметките за Нискоградба и комуналните сметки без провизија, како и благовремено ќе можат да бидат информирани за состојбата на своите комунални сметки и услуги.
Исто така во новиот наплатен центар во “Нов пазар” граѓаните ќе можат да бидат информирани за сите поволностите на своите услуги кои ги нудат комунални претпријатија Водовод, Комуналец и Нискоградба, како одложено плаќање, плаќање без провизија, пријавување на дефекти како и други услуги кои ќе можат да ги добијат во наплатниот центар.