Во Србија, Бујановац се одржа GFC 9 традиционален ММА турнир на кој Нинџуцу Клуб Битола учествуваше со еден борец и извојува професионална ММА победа против натпреварувач од Боречката Академија „Ахилеј“ со завршница гушење во прва рунда после две и пол минути борба.

Игор Додевски ги одмери силите со Петар Жариќ во категорија до 63кг., кој досега со 6 ММА победи, беше непоразен. Игор успеа да го совлада, на школски и рутински начин, задавајќи му го првиот пораз. Борбата започна уште при мерењето со провокација од страна на српскиот борец, кој веројатно сакал да предизвика страв кај Игор туркајќи го ,но напротив, тоа предизвика дополнителна мотивација за Игор оваа борба да ја одработи во вистинско светло и без поголеми потешкотии да дојде до нова победа.
За еден месец, во Октомври се очекува турнирот GFC 10 за кој клубот од Битола веќе подготвува борци за учество.