„ Почитувани студенти, се согласуваме со вашиот избор што вашето базично професионално образование ке го започнете на еден ваков факултет, факултет кој има долга и богата историја и традиција во воспитно-образовната дејност на овие простори и пошироко. Како деканка на Педагошкиот факултет сакам да ве уверам дека во нашата високообразовна установа, односот професор-студент е една целина, а поларизацијата меѓу овие два значајни сегмента е одамна надмината. Напуштајќи го стариот модел екс катедра, сакаме да се доближиме до студентот како академски граѓанин и рамноправен партнер без кој нашата научна и образовна дејност не може да се замисли. Бидете убедени дека овој четиригодишен студиум е значајна делница во животот. А еден ден, по многу години, кога ќе се завртите назад, ќе сфатите дека токму тука, во амфитеатарот, во предавалните и аулите на Факултетот сте ги поминале најубавите мигови од младоста, а и ние – заедно со вас.“
Декан, проф. д-р Данче Сивакова-Нешковски на Педагошкиот факултет Битола, говор од церемонијата за почетокот на новата академска година