Од 1 октомври битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола и официјално и формално има нов ректор, тоа е проф. д-р Игор Неделковски.
На чинот на официјално примо-предавање на ректорските инсигнии, одржан во четвртокот на 29.09 септември во Ректоратот на УКЛО ректорот во заминување, проф. д-р Сашо Коруновски му посака успешен мандат на Неделковски, за кого рече дека е сигурен дека уште повеќе ќе се грижи за напредокот на Универзитетот.
Новиот ректор на следната седница на Ректорската управа ќе предложи нови проректори, како дел од новиот „менаџерски тим” кој ќе управува со Универзитетот.
Прва јавна ректорска активност и обраќање, новиот ректор Неделковски ќе има пред студентите на Факултетот за безбедност, каде ќе присуствува на Првиот академски час на Факултетот кој годинава одбележува 45 години постоење.