Македонското научно друштво – Битола издаде нов број на списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“.
Детално за содржината, концептот и авторите застапени во овој број од ФБ објавата на главниот и одговорен уредник на списанието Даниела Андоновска Трајковска, кое го пренесуваме во целост:
„И оваа година, списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ во издание на Македонското научно друштво – Битола продолжува со својата мисија да ја промовира и да ја развива книжевноста и во национални и во светски рамки со објавување на значајни македонски писатели, поети и научници, но и на реномирани странски автори преведени или препеани на македонски јазик. На тој начин, освен што македонската читателска публика ја запознаваме со најновите случувања на полето на книжевноста, ги промовираме и македонскиот јазик и култура насекаде низ светот.
„Современи дијалози“ бр. 12 за 2023 година содржи прилози од вкупно 67 автори од кои 59 книжевници и 8 ликовни уметници од земјата и од странство. Во веќе препознатливите рубрики читателите ќе можат да прочитаат поезија од македонските книжевници Златко Жоглев, Јосип Коцев, Весна Мундишевска-Велјановска, Кире Неделковски, Силвана Нешковска, Борче Панов, Милица Радевска, Пијан Славеј, Гордана Стојаноска и Адем Џеладини; проза од Даниела Андоновска-Трајковска, Петре Димовски, Елизабета Јончиќ, Јордан Коцевски и Добре Тодоровски; интервју со францускиот поет Жоел Верне кое го водеше Димитра Десановска, критички согледби од Анита Ангелевска, Аниса Сабуи од Тунис, Мито Спасевски, Билјана Т. Димко и Васил Тоциновски; превод со анализа од Зора Русомарова и поезија од 37 странски реномирани поети од 27 земји од светот (Либан, Бразил, САД, Словачка, Португалија, Германија, Шпанија, Полска, Хондурас, Индија, Австрија, Алжир, Словачка, Албанија, Италија, Перу, Хрватска, Аргентина, Данска, Тунис, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кина, Гватемала, Саудиска Арабија, Украина и Србија).

Корицата ја дизајнираше Весна Мундишевска-Велјановска со слика од проф. д-р Бурхан Ахмети, а објавени се уште 7 уметници од Македонија, Косово, Азербејџан и Германија како најава за секоја рубрика. Списанието го уредува редакција составена од проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска (главен уредник), Весна Мундишевска-Велјановска, проф. д-р Силвана Нешковска, доц. д-р Анита Ангелевска со помош на меѓународниот уредувачки одбор: проф. д-р Звонко Танески (Словачка), Раед Анис Ал-Јиши (Саудиска Арабија), м-р Жарко Милениќ (Русија/ Босна и Херцеговина), проф. д-р Тсемин Итион Тсаи (Тајван, Република Кина), проф. д-р Том Филипс (Велика Британија), проф. д-р Михо Нонака (САД), Искра Пенева (Србија), проф. д-р Су Џен Лин (Тајван, Република Кина) и Жермен Дрогенброт (Белгија/ Шпанија). Благодарни сме и на нашите соработници Стенли Баркан, академик Ристо Василевски, Борче Панов, Звонко Димоски, Светлана Ишенко, Шалини Јадав, Абдел Кадер, Марта Кондратјук, Олга Лалиќ-Кровицка, Стела Маја Босилковска, Анита Рог-Биндач и други кои овој број на „Современи дијалози“ го помогнаа со свои преводи и препеви. Списанието е финансирано од Министерството за култура на Македонија.“