Додека македонската музичка естрада страда од нови квалитетни оригинални песни новата песна “Мјесечина” на битолскиот рок бенд “КОД 369” во соработка со “Кроација Рекордс” е уникатно дело кое заслужува посебно внимание на музичката сцена и се обидува да ја надополни таа музичка празнина.
Специфичниот нежен но сепак зрел и продорен глас на водечкиот вокал од групата дава впечаток на лесен, слушлив, неиритирачки звук.

Ваков музички производ може да создадат само искусни музичари што долги години созревале низ музичките правци и музиката воопшто.
Текстот е напишан од Ирена Димовска Митревска додека аранжманот е на Даниел Митревски, Иле Лулевски и Коста Стефановски.