Добитници на државни награди „11 Октомври“ се:
- неодамна упокоениот невропсихијатар проф. д-р Методи Чепреганов, кому му е доделена постхумна награда за животно дело во областа на науката;
- поетесата Линдита Ахмети,
- писателот Томислав Османли и
- ликовниот уметник Мицко Јанкуловски за животно дело во областа на културата и уметноста.
Претседател на Одборот за државната награда „11 Октомври“ е Џевдет Хајредини.
Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 11 октомври 2022 година во 12 :00 часот во Собранието.